септември 23, 2024

Често се вели дека наутро, по будењето и станувањето, треба да се намести креветот и дека тоа е еден од начините за стекнување позитивни навики.

Но, со оваа препорака треба да се биде внимателен. Имено, доколку креветот го наместите веднаш откако се разбудите, можете да го направите уште повалкан. Постелнината после спиењето треба да ја отскриете и околу еден час да ја оставите да стои така за да исчезне топлината која ја направило вашето тело и со тоа да се намали бројот на грини кои се насобрале за време на спиењето.
Креветот можете да го поднаместите со тоа што ќе ја порамните постелнината за да изгледа поуреден, но во никој случај немојте да го покривате бидејќи на тој начин бактериите ќе продолжат да се собираат.

Значи, по станувањето отворете прозорец или барем врата од собата каде што спиете за да може да проциркулира воздух.
„Доколку креветот го наместите веднаш по станувањето наутро ќе ги заробите грините кои се насобрале преку ноќта. Овие микроскопски предатори, помали од милиметар, се хранат со човечка кожа и живеат на влажни места. Кога ноќе спиеме, телата ни стануваат потопли, но и повеќе се потиме и со тоа стануваат примарни мети за оваа напаст. А тие потоа оставаат секрети кои можат да предизвикаат алергии и астма. Затоа, доколку наутро веднаш си го наместите креветот ќе ја заробите сета влага и ќе им направите убав дом на милиони грини“, објаснува доктор Каран Раџ, кој има свој канал на TikTok каде споделува корисни совети.

„Наместо тоа, барем накратко оставете го креветот ненаместен за воздухот да кружи и до него да може да допре и сонце. Така грините ќе дехидрираат и ќе угинат“, додаде.
Проблем настанува кога станувате рано изутрина и се брзате за на работа. Едноставно креветот наместо прв да го средите, оставете го за пред излегување. Или доколку имате некој дома оставете му задача таа личност да ви го мести креветот еден час откако ќе станете и заминете на работа.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK