септември 23, 2024

Жена го обвини поранешниот боксерски шампион во тешка категорија, Мајк Тајсон дека ја силувал на почетокот на ’91-тите години. Тужбата ја поднела овој месец во Њујорк и бара отштета од пет милиони долари.

Истакнала дека Тајсон ја силувал во лимузина откако го сретнала во ноќен клуб во Њујорк, додавајќи дека од тогаш претпрела физички, психички и емоционални повреди.
Во изјавата жената не го наведува точниот датум на нападот, туку само вели дека се случил на почетокот на деведесетите години, отприлика во исто време кога Дезајр Вашингтон рече дека Тајсон ја силувал во Индијанополис. Тајсон на 10 февруари 1992 година беше осуден за силување и отслужи три години затворска казна.
Во исказот жената наведува дека влегла во лимузината на Тајсон и тој веднаш почнал да ја допира и се обидувал да ја бакне.

-Неколку пати му кажав не и го замолив да престане, но тој продолжи да ме напаѓа. Потоа ми ги соблече пантолоните и насилно ме силуваше, изјавила жената која сака да ја задржи својата анонимност.
Адвокатот кој ја застапува истанал дека неговата канцеларија не ја поднела тужбата само поради нејзините зборови, туку дека ги истражила наводите и утврдила дека се „многу веројатни“.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK