септември 23, 2024

Цел Балкан, и цела наша земја денес се сеќаваат на Тоше Проески кој што точно на денешен ден пред 42 години (25.01.1981 година) се роди во болницата во Прилеп. И искрено каде ли ќе беше денес со својата кариера, ако пред 15 години не го загубеше животот во сообрајќајната несреќа која што се случи кај Нова Градишка, на патот кон Загреб. Тоше беше, и сеуште остана наш-ЕДЕН И ЕДИНСТВЕН.

Неговиот живот заврши точно пред 15 години во годината која што Тоше одбележуваше 10 години успешна кариера. Останаа да говорат само спомените за едно убаво време, време кога го имавме Тоше, нашиот Тоше, оној скромен-преспособен млад човек за кого песната и животот му беа ИГРИ БЕЗ ГРАНИЦИ.

Тодор Проески – Тоше е роден на 25 јануари 1981 и својот музички талент го покажал уште како петтоодделенец на фестивалот „Златно славејче“ (1992) каде испеал песна на влашки јазик. Музичката кариера ја почна уште во 1997 година, и оттогаш настапуваше на сите значајни фестивали во земјава и регионот, а во 2004 ја претставуваше Република Македонија на Евровизија во Истанбул. Таа година стана и амбасадор на УНИЦЕФ.

The post На денешен ден пред 42 години, во прилепската болница се роди Тоше Проески appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK