септември 23, 2024

Поп-пејачката Каролина Гочева вечерва ќе настапи на најголемиот регионален музички настан, МАС музички награди во Белград.

Таа на Инстаграм сподели фотографија од генералната проба. Каролина ќе ја отпее нејзината последна песна „Од небо до дно“, чија музика ја правеше таа, додека аранжманот е на Роберт Билбилов. Каролина вечерва ќе се бори за две награди за музички спот и за најдобра поп – нумера од женски изведувач за „Од небо до дно“.

Каролина за втор пат е ма МАС музичките награди, таа имаше настап во 2018 година.

Покрај Каролина настап ќе има и македонската трап, хип-хоп и ар-ен-би група 2Бона.

Музичкото шоу ќе се одржи на 25-ти јануари (вечерва) и на 25 –ти во „Штарк Арената“ во Белград. Публиката освен што ќе ужива во повеќечасовниот спектакл во двата дена, ќе има можност првпат да ги слушне новите песни на најголемите музички ѕвезди.

Како што најавија организаторите од регионот ќе присутвуваат Констракта и Земља грува, Јелена Розга, Емина Јаховиќ, Ацо Пејовиќ, Саша Матиќ, Петар Грашо, Сара Јо, Тончи Хуљиќ и други.

The post Каролина вечерва ќе пее на МАС во Белград и ќе се бори за две награди appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK