септември 23, 2024

Битолска група „Милениум“ сними нова серенада „Ќе те шетам по Широк сокак“ со која одбележува 20 години јубилеј на сцената. Песната е автентична за битолскиот крај и посветена на градот од кој потекнуваат.

„Како битолска група сакавме на некој начин да му се оддолжиме на градот, а со што друго ако не со серенада“, велат членовите на групата.

Музиката и текстот се на Боби Поповски, аранжманот на Дарко Илиевски, миксот, мастерингот и снимањето ги направил Дејан Момироски во неговото „ХЛ студио Момироски“, а спотот го режираше Даниел Јовески. Видеото е снимено на неколку најпознати градски локации како Широк сокак, Чинарот и Чифте фурни.

 

The post (Видео) Со нова серенада битолската група „Милениум“ одбележа 20 години јубилеј appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK