септември 23, 2024

Поради интерес на повеќе медиуми Ве известуваме дека Уставниот суд на денешната седница одлучи да ја укине Одлуката со која на 18 јули 2014-та година  Советот на општина Центар го донесе Детален урбанистички план Градска четврт Ј 07  со локалитети Капиштец, Завод за медицинска рехабилитација, Старо Водно, Долно Водно, Мало Курило, Цвеќара.

 

Судот оцени дека Одлуката за ДУП на Општина Центар е спротивна на Законот за локална самоуправа, поточно со членот 62 став 2 од овој закон. Уставниот суд оцени дека  не било обезбедено потребното мнозинство од 12 гласа ЗА, како што предвидува законот.

 

Согласно правното мислење на Судот, од вкупно 23 члена колку што броел Советот на Општина Центар присутни биле 12 члена, од кои  ЗА донесување на Одлука за Деталниот урбанистички план гласале 11 члена, а еден бил против.

 

Уставот во својот член 110 предвидува дека прописите треба да бидат во согласност со Законите, што не е случај во конкретната ситуација. Судот оцени дека со донесувањето на таа Одлука за Деталниот урбанистички план во Општина Центар е  нарушена  една од темелните вредности на уставниот поредок а тоа е владеењето на правото.

 

Согласно денешната одлука на Уставниот суд, Општина Центар нема да  може да издава одобренија за градби за конкретните локации кои се опфатени со Деталниот урбанистички план, бидејќи тој ДУП не постои од денот кога ќе биде објавена одлуката на Судот во Службен весник.

 

Уставниот суд ја донесе одлуката со мнозинство гласови, односно 5 гласа а еден од судиите најави издвоено мислење.

 

Подносител на иницијативата е Томе Симоновски, граѓанин од Скопје.

The post Уставниот суд ја укина Одлуката со која општина Центар донесе ДУП во 2014-та година appeared first on 24 Инфо.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK