септември 23, 2024

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска во Белград ќе се обрати на отворањето на меѓународниот саем АГРО Белград 2023.

Во рамки на посетата, министерот Николовски ќе оствари средба и со српската министерка за земјоделство, шумарство и водостопанство Јелена Танасковиќ.

На годинашното издание на АГРО Белград 2023 учествуваат повеќе домашни компании, преработувачи на овошје и зеленчук и производители на вино.

Од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство информираат дека преку програмата за поддршка на руралниот развој се дава финасиска поддршка за учество на 50 домашни и 15 меѓународни манифестации на кои ќе се промовираат македонските земјоделски производи и пијалоци. 

The post Николовски на меѓународниот саем Агро Белград 2023 appeared first on 24 Инфо.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK