септември 23, 2024

Откако Роналдо се пресели во Саудиска Арабија со семејството поради ангажманот во клубот Ал Наср, неговата вереница Георгина Родригес се соочува со многу критики за нејзината разголена облека.

Изгледа дека Георгина сепак решила да се прилагоди на тамошниот начин на живот, па на натпреварот се појави во фармерки, дрес и штикли.
Георгина го следеше натпреварот во друштво на најстариот син на Роналдо, Кристијано Роналдо Јуниор.
Нејзината Birkin чанта особено привлече внимание – овој модел чини речиси 100.000 евра.

„Престани да се фалиш со чанти и накит, подобро научи англиски“, „Може да купиш куќа по цена на оваа чанта“, „Тие чанти се прескапи, а ти имаш најмалку 10“, се само дел од коментарите.
За потсетување, вереницата на Роналдо неодамна беше гостинка на доделувањето на наградите Joy во Саудиска Арабија, кое е една од најголемите регионални церемонии за доделување награди во чест на познатите личности за нивните достигнувања.
На свеченоста Георгина даде и кратко интервју на англиски јазик, а нејзината нервоза и акцент придонесоа нејзините изјави да не бидат толку лесни за разбирање, а многумина ја исмеаја на социјалните мрежи.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK