Англиската Премиерлига во последните неколку години е доминантна најмногу на фудбалскиот пазар, па ниту една фудбалска ѕвезда во Европа не може да добие толку пари како на Островот и англиската елита е ризик да ги „урне“ останатите лиги и да ги маргинализира.
Ова го објави Андреа Ањели, доскорешниот прв човек на Јувентус, еден од најгласните заговорници на Суперлигата, кој сега доби две години суспензија од фудбалот поради финансиски малверзации со буџетот на „старата дама“ и трансфер измами. Според Ањели, ако не се преземе нешто во европскиот фудбал, сѐ ќе остане во сенка само на Премиерлигата.