септември 23, 2024

Светот се наоѓа на само 90 секунди од најголема катастрофа досега. Ова го покажа часовникот на судниот ден, кој се доближи повеќе од кога било до полноќ. Стрелките сега се наоѓаат на една и пол минута до полноќ, а од групата „Билет на атомски научници“ велат дека часовникот е поместен поради војната во Украина.

Оваа војна ја зголеми можноста за употреба на нуклеарно оружје, велат научниците. Овој часовник почнува да го одбројува времето до целосна катастрофа на човештвото од 1947 година. Стрелките се поместуваат врз основа на егзистенцијалните закани во одреден период. Полноќ означува целосно уништување на светот.

Во групата БАС има 13 члена нобеловци. Сите се согласни дека војната ги иницира прашањата за начинот на комуникација на нациите, падот на меѓународното однесување и непрактикување на меѓународното право. Ја стави во втор план и борбата против климатските промени.

„Руските закани за употреба на нуклеарното оружје го потсетуваат светот дека ескалацијата на конфликтот е ужасен ризик. Истовремено, војната ги поткопува глобалните напори во борбата против климатските промени“, соопшти БАС додавајќи дека пандемијата на Ковид-19 веќе не е ризик по човештвото.

Годинашната објава е достапна и на руски и украински поради војната во Украина. Во 2020 година стрелките беа на 100 секунди до полноќ и во следните две години не се помрднуваа. Тие беа најдалеку од полноќ на крајот на Студената војна, односно 17 минути.

The post Часовникот на судниот ден покажа 90 секунди до полноќ, една и пол минута го дели светот до најголемата катастрофа appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK