септември 23, 2024

На социјалните мрежи исплива една стара фотографија на Никога Груевски од времето додека беше премиер. Но поранешниот премиер на Македонија малкумина го имаат видено во вакво издание – облечен во дрес и со патики.

На фотографијата што веднаш стана вирална Груевски носи жолт дрес со бројот девет, жолти фудбалски чорапи и куси шорцеви, а под ногата држи топка.
Во описот на фотографијата еден корисник на социјалните мрежи го споредува поранешниот македонски премиер со Килиан Мбапе и го опишува како некој на кој сите наши денешни политичари можат вода да му носат.

Како Груевски изгледаше во ова свое издание, погледнете во продолжение:
„Ниту Бојко и Бугарија можеа да му се ку*чат, ниту Ахмети со се Рама можеа да му шефуваат, ниту Вучиќ и Србија можеа инвестиција да му земат и економски да го надвладеат, ниту пак грците можеа да наметнат свои правила и бришење на Македонија и македонизам.“

„Вода може да му носат денес овде сите политичари подлизурковци и слуги, од прв до последен“, пишува во описот на фотографијата што за само неколку часа доби илјадници лајкови и голем број коментари.

Нема да им верувате на очите кога ќе го видите Груевски во ова издание – многумина посакуваат да се врати

Потсетуваме, Груевски од ноември 2018 година престојува во Будимпешта, откако мистериозно успеа да ја напушти Македонија.
Тој по неговото заминување од власта е оcyден со повеќе затвоpcки казни – за случајот Тенк за купување на владиниот мерцедес преку МВР е оcyден на двегодишна затворска казна, а токму ова казна беше и причината за неговото бегство од Македонија. Покрај оваа преcyда, Груевски за ТНТ во мај годинава доби деветгодишна кaзна, додека за Талир 2, случајот во кој беше конфискувано партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ, е ocуден на шест години.

Покрај ова, за „Плацовите на Водно“, во април оваа година Груевски беше ocуден на седум години, а истиот ден заедно со Мијалков е ставен на црната листа на САД, додека по еден месец Министерството за правда најави дека ќе поднесе ново брање за негова екcтрадиција од Унгарија.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK