септември 23, 2024

Интегрален текст од изјава на Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на општина Кисела Вода

„Почитувани претставници на медиумите, почитувани мои сограѓани на мое огромно задоволство со лидерот на мојата политичка партија, Христијан Мицкоски, пратеничката Бети во составот на парламентот од нашата пратеничка група, претседавачот на совет и сите останати од мојот тим имаме можност да направиме увид на градежни активности на ова место во село Драчево, традиционално викано Оксиген, добро познато култно место за Драчево кое што до пред два и пол месеци беше една голема депонија која ја исчистивме како општина и можете да видите зад нас дека веќе прераснува во еден модерен ултра современ спортско рекреативен центар кој што на иницијатива на моите сограѓани од Драчево ќе го носи името на еден од загинатите бранители во конфликтот во 2001 година, Теодор Стојановски-Тоше, што е вака мое големо задоволство.

Овој парк ги нуди можностите за сите генерации, од најмладите до највозрасните. Имаме две игралишта за баскет, за фудбал на истото, имаме детски катчиња, имаме летниковци за повозрасните категории за наши сограѓани, имаме патеки. Ќе биде целиот опрелеменет со зеленило и со дрвја, така да се на се ќе биде еден многу убав, еден нов центар спортски-рекреативен во Драчево, нешто што недостасуваше и беше ветувано 30-тина години наназад. Конечно ние како гарнитура сега што ја предводиме општината дојде редот да го реализираме и верувам дека за 2 месеци од денес ќе се види и крајот на сето ова и ќе кулуминира со завршување на овој преубав проект.

The post Во Драчево ќе се гради современ рекреативен спортски центар кој ќе нуди можности за сите генерации appeared first on 24 Инфо.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK