септември 23, 2024

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска во пресрет на денешната седница на Советот на Град Скопје ги повика советниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ да ја поддржат точката за купување на 50нови еколошки автобуси.

– На денешната седница на Советот е предложена точка до советниците за набавка на нови еколошки автобуси, поради тоа упатувам апел до советниците од ВМРО-ДПМНЕ за реализација на програмата за „Модерно Скопје“ која ја поддржаа на локалните избори и ги повикувам да не се обидуваат да ја повлечат од седницата – порача Арсовска.

Според неа, оваа точка е многу потребна со цел да се подобри јавниот превоз во градот бидејќи  Град Скопје распиша два јавни повици за приватни превозници на кои не се пријави никој, по што мораше ЈСП Скопје да продолжи да ги опслужува некои линии.

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска кажа дека на седницата на Советот треба да се утврди заем од 10 милиони евра за 50 еколошки автобуси, а кој според неа ќе треба да биде реализиран преку домашните банки.

Одговарајќи на новинарско прашање Арсовска рече дека не чуствува одговорност за тоа што одреден број на приватни превозници кои имаат еколошки автобуси не се пријавиле на двата јавни повици, бидејќи не ја искористиле можноста да учествуваат во повикот, при што уште еднаш потенцираше дека Градот на приватните превозници не им должни ништо од тоа што тие го побаруваат.

Таа појасни дека доколку под 80 проценти не возат во текот на еден месец, автоматски се раскинува договорот.

– Самите предизвикаа таква ситуација, кога поради протест, не возеа повеќе од половина месец – рече Арсовска, а претходно со месеци не остварувале минимум 80 отсто превоз.

The post Арсовска ги повика советниците од ВМРО-ДПМНЕ да го поддржат купувањето на еколошки автобуси appeared first on 24 Инфо.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK