септември 23, 2024

Селекцијата на Норвешка не успеа да се пласира во полуфиналето на СП 2023 во Шведска и Полска, откако ја загуби драмата против Шпанија (34-35) што траеше дури 80 минути и која воопшто не требаше да се случи.

Норвежаните имаа отворен пат кон четирите најдобри уште во регуларниот дел бидејќи имаа водство (25-24), ракометар повеќе и напад на 20 секунди до крајот. Но, тогаш огромна глупост направи Кристијан Бјорнсен, кој иако имаше отворен пат кон противничкиот гол, а судиите веќе покажаа опасност од пасивен напад реши топката да ја врати назад наместо да се обиде да погоди. Дури и да промашеше времето ќе изминеше, но се реши за најлошата варијанта и згреши.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK