септември 23, 2024

Од Гинисовата книга на рекорди го прогласија Спајк за најстаро куче на светот. Рекордот е забележан на 7 декември минатата година кога наполни 23 години и 43 дена. Висок е 22,86 сантиметри, а тежи 5,85 килограми. Станував збор за чивава и живее со Рита Кимбал.

Имал само 10 години кога го нашла на паркинг до самопослуга во Камден во Охајо, САД.

„Не можам да замислам дека го собори рекордот за најстаро куче“, рече Рита.

Спајк живее на фарма заедно со други животни. Речиси е слеп и го има загубено слухот. Затоа и не сака да го галат луѓе кои не ги познава. Со оние со кои се знае е исклучително сладок и приврзан.

Обожава да спие, да си игра со домашната мачка Фокси и да ја крие играчката лисица низ куќата. За потсетување, Пред Спајк рекордот за најстаро куче го имаше Џино, со 22 години и 93 дена.

Но и двете сè уште не го надминале рекордот на Блуи, куче кое живеело до 29 години и 5 месеци од 1910 до 1939 година.

 

The post Спајк е најстарото куче во светот appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK