септември 23, 2024

Советот на Град Скопје на денешната 23 седница не ја донесе одлуката за задолжување на Градот за набавка на нови 50 еколошки автобуси во текот на оваа година.

На предлогот за задолжувањето на Градот 15 советници гласаа за, еден против и 18 советници беа воздржани.

Градоначалничката Арсовска минатата недела најави дека на денешната седница на Советот ќе биде предложено ново задолжување на Град Скопје во износ од 10 милиони евра за набавка на 50 нови еколошки автобуси.

Таа и порано најави дека Град Скопје ќе набави 250 еколошки автобуси на природен гас и електрични автобуси заради намалување на загадувањето во главниот град.

The post Не е донесена одлуката за задолжување на Град Скопје за еколошките автобуси appeared first on 24 Инфо.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK