септември 23, 2024

Денес не се гласаше и расправаше за Проект за нови 250 еко автобуси какви вети Арсовска за „Модерно Скопје”, туку за ново задолжување од 10 милиони евра кое е без објаснување за условите, слепо, без дебата и без план.

Скопје има потреба од нови автобуси, но не и од задолжување без образложение за нов криминал и задоволување на приватни интереси.

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје и Коалицијата за Обнова на Македонија нема да поддржи задолжување без објаснување. Нема информации на колку години е тоа задолжување, дали има градот и ЈСП финансиска моќ, од каде ќе е задолжувањето, дали однапред е тоа договорено?

Нема да поддржиме задолжување без да се каже колкава е каматната стапка, каков е грејс периодот и условите за тоа. Арсовска нема информации какви автобуси ќе набавува, на каков погон.

Арсовска беше должна да објасни зошто нема јавна расправа и анкета за новото задолжување што е обврска согласно закон.

Дали Арсовска е сигурна дека со 10 милиони евра може да се купат 50 еко автобуси? Пред истиов совет веќе ЈСП во инвестициската програма предвиди 4 милијарди денари за набавка на хибрид автобуси, какви се тие автобуси, и дали тие автобуси се истите за кои ќе се задолжува сега Арсовска?

Слепа поддршка за ново задолжување дадоа фолирантите од Левица, криминогената ДУИ, и уценетата ГРОМ, а причините зошто се дава слепа поддршка е затоа што се работи за богато корумпирана структура која крева раце за се што е потребно.

Од друга страна СДС прави политика бидејќи го штити своето неработење и хаосот кое само Арсовска го продолжи.

Советничка група во Советот на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за Обнова на Македонија

The post Денес не се гласаше за 250 еко автобуси какви вети Арсовска, туку за ново задолжување од 10 милиони евра без објаснување за условите appeared first on 24 Инфо.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK