Година и пол по заминувањето од Шкендија, играчот за врска Енур Тотре се врати во Шкендија. Клубот од под Шара денеска го претстави како засилување за пролетната полусезона и тоа како зајмен играч.
Доаѓа од редовите на Ворскла, на позајмица до крајот на сезоната, кога и му завршува договорот со украинскиот клуб. Таму се пресели последново лето, од редовите на албанскиот шампион Тирана, а Украинците платија и 250.000 евра отштета за него. Меѓутоа, одигра само три меча во есенската полусезона, па ќе си ја бара старата форма во клубот во кој ги направи првите фудбалски чекори.