<!–/*
* The backup image section of this tag has been generated for use on a
* non-SSL page. If this tag is to be placed on an SSL page, change the
* 'http://ads.365.mk/www/delivery/…'
* to
* 'https://ads.365.mk/www/delivery/…'
*
* This noscript section of this tag only shows image banners. There
* is no width or height in these banners, so if you want these tags to
* allocate space for the ad before it shows, you will need to add this
* information to the tag.
*
* If you do not want to deal with the intricities of the noscript
* section, delete the tag (from … to ). On
* average, the noscript tag is called from less than 1% of internet
* users.
*/–>
Изворите посочуваат дека Правната служба на Советот на ЕУ им соопштила на амбасадорите на Унијата дека тоа е законски изводливо, се додека имотот не е експроприран и доколку се исполнети одредени услови.
Според тие извори, користењето на замрзнатите средства на руската банка подразбира утврдување на датумот до кога тие ќе бидат искористени за обнова на Украина, обезбедување ликвидни средства, како и фактот дека главницата и каматата мора да да бидат вратени во Русија во одреден момент.
Правниците на ЕУ појаснуваат дека доколку има загуба додека Унијата управува со руските средства, компензацијата ќе треба да се обезбеди преку буџетот на Унијата или од земјите-членки.
ЕУ ги истражува можностите за користење замрзнати руски средства што се привремено конфискувани врз основа на санкциите што Унијата и ги воведе на Русија поради нападот врз Украина, а дискусиите по прашањето се само во почетна фаза.
Претставниците на ЕУ и на одделни земји-членки се загрижени, бидејќи е неопходно да се најде правна оправданост за таквиот потег, особено за користењето на замрзнатите средства на Руската централна банка.
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, рече дека сака да ја натера Русија да плати за она што го уништи во инвазијата со „замрзнатите средства на олигарсите и средствата на нејзината централна банка“.
Официјални лица од Групата седум (Г7) и ЕУ рекоа дека не постои јасна правна основа за едноставно конфискација на имотот на руската банка и нивно пренасочување во Украина.
Наместо тоа, како прв чекор ЕУ размислува за здружување на средства на ниво на ЕУ или на меѓународно ниво, за да генерира приходи што би можеле да се искористат за финансирање на обновата на Украина – задача за која Светската банка процени дека може да чини најмалку 350 милијарди долари.
Според некои проценки, средствата на руската централна банка замрзнати во странство изнесуваат 300 милијарди долари.
Претставниците на ЕУ проценуваат дека околу 33,8 милијарди евра се депозити во Унијата, иако се уште се вршат проценки околу сумата.
Следете не, не има насекаде