октомври 6, 2024

Инвестициите и проектите во спортот се важни за промоција на општината во меѓународни рамки, но и предуслов за создавањето на идните спортски таленти. Аеродром е прва општина која во основните училишта го имплементира спортот текбол. Имплементацијата e резултат на соработката помеѓу Општина Аеродром и Меѓународната текбол федерација, а која се реализира со поддршка од Македонскиот олимписки комитет.

Во рамки на оваа соработка Градоначалникот Тимчо Муцунски денес прими донација за општината Аеродром која вклучува 40 текбол табли и 80 топки. Освен донацијата,  соработката вклучува стручна поддршка за оспособување на наставниците од основните училишта кои понатаму ќе треба да ги воведат и водат учениците во овој спорт.  Покрај ова, деновиве Општина Аеродром, во спортскиот центар „Јане Сандански” е домаќин на квалификациите за учество на Европските олимписки игри во текбол кои ќе се одржат следната година во Полска.

„Се радувам што токму Аеродром е домаќини на еден ваков настан, но и пионер во воведување на една нова спортска дисциплина. Силно верувам дека  токму од училиштата во Аеродром ќе излезат идните локални, национални и меѓународни текбол таленти”, истакна градоначалникот Муцунски и упати благодарност до Меѓународната текбол федерација за реализацијата на денешната донација, но и за меѓусебната соработка и поддршка.

The post Аеродром е првата општина која воведува текбол во основните училишта appeared first on 24 Инфо.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK