септември 23, 2024

Софиското окружно обвинителство покрена предистражна постапка за смртна закана упатена кон претепаниот Христијан Пендиков во Охрид, истакнала денеска портпаролката на главниот софиски обвинител Сијка Милева, објавија бугарските медиуми.

Пендиков поднел пријава до надлежните во бугарското Министерство за внатрешни работи за тоа дека преку социјалните мрежи му била испратена заканувачка порака на македонски јазик.

Во неа се наведува и дека на Интернет се објавуваат фотографии од него со повици за насилство.

Надлежниот обвинител побарал од бугарското МВР да изврши увид во пријавата на Пендиков.

„Обвинителството на Република Бугарија ја претвори во своја кауза борбата против прекршоците од омраза, со кои се соочува и целата европска заедница“, коментирала портпаролката на јавниот обвинител.

The post Бугарското обвинителство ќе истражува заканувачка порака кон Пендиков испратена на ФЕЈСБУК appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK