септември 23, 2024

Потребно ви е малку време и само неколку состојки. Крокетите од компир најчесто се служат како додаток на главните јадења, а неодоливата комбинација на меко и крцкаво ги направи толку популарни.

Се верува дека настанале во Франција кон крајот на 19 век. Можете да ги купите во продавница, но најдобро е сами да ги подготвите.

Состојки:
700 гр компир
150 гр брашно
40 гр путер
2 жолчки
За кората:
2 јајца
200 гр брашно
200 гр презла

Подготовка:
Сварете ги компирите, процедете ги, додадете го путерот, па направете пире. Потоа додадете ги жолчките и зачините по желба, сè убаво измешајте и додадете го брашното. По потреба можете да додадете брашно, а тестото би требало да ви се лепи за рацете.
Посипете ги рацете со брашно, па од смесата формирајте крокети. Потоа извалкајте ги во презла, па во јајца и повторно во презла. Пржете ги на добро загреано масло. Наредете ги на салфетка за да се впие вишокот масло.

Пријатно јадење!

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK