ноември 21, 2024
Во текот на вчерашниот ден на територијата на целата држава спроведена е акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици, за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома.
При контролата констатирани се 65 сообраќајни прекршоци, при што три возила се исклучени од  сообраќај поради истечена регистрација. Упатени на вонреден технички преглед се 21 возило.

Сообраќајните контроли за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома продолжуваат и во наредните денови, соопшти МВР.

The post МВР: 65 санкции за автобуси што вршат превоз на ученици, 21 упатени на вонреден технички преглед appeared first on 24 Инфо.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK