ноември 21, 2024

Во последниве години, здравата исхрана се повеќе е во фокусот на младите и возрасните.

За да знаете која храна е добра, а која лоша, клучно е да разберете од каде доаѓа. За лоша храна се смета онаа со мала или никаква хранлива вредност. Нездравата храна го зголемува ризикот од дебелина, дијабетес и срцеви заболувања.
Трансмастите се на првото место како состојка во храната што е опасна по здравјето. Трансмасните киселини се произведуваат како нуспроизвод на делумна хидрогенизација на растителните масла и при продолжено загревање на растително масло на повисоки температури. Имаат бројни негативни ефекти врз метаболизмот, особено во развојот на атеросклероза и кардиоваскуларни заболувања. Примери на храна која содржи трансмасти се маргарин, колачи, хамбургери и помфрит.

Следуваат рафинирани и додадени шеќери, кои предизвикуваат дебелина и ги има во бонбоните, пченкарниот и јаворов сируп итн. Иако сите луѓе можат да имаат корист од намалувањето на внесот на шеќер, луѓето со дијабетес, висок крвен притисок и семејна историја на срцеви заболувања треба да обрнат посебно внимание.
Треба да се избегнуваат и заситени масти бидејќи нивното прекумерно внесување може да го зголеми нивото на LDL или штетниот холестерол. Мононатриум глутамат, еден од најраспространетите прехранбени адитиви или засилувачи на вкусот, исто така е нездрав.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK