ноември 22, 2024

Овен

Во февруари темата за врските ќе дојде до израз. Доколку сè уште сте сингл, вашата дружељубивост овој месец ќе ви помогне да остварите корисни контакти кои би можело да се развијат во нешто посериозно. Оние кои се во врска треба да најдат компромис со партнерот и да не влегуваат во конфликти.

Бик

Довербата ќе ви овозможи да достигнете ново ниво во љубовните врски, повеќе ќе го разбирате партнерот, од што ќе процвета темата на врските во вистинска смисла на зборот. За оние кои сè уште не ја пронашле својата сродна душа, можна е судбоносна средба.

Близнаци

Овој месец одвреме-навреме ќе наидувате на ситуации од минатото, луѓе, околности, настани, ќе ве потсетуваат на нешто што сè уште не е завршено, но има потреба од разрешување. Сепак, во љубовната врска ќе има многу романса.

Рак

Ќе имате многу нови обврски, но тоа нема да ви пречи, до средината на месецот ќе можете да одвоите време за саканите, а во романтичните врски ќе се појави ново светло.

Лав

Овој месец јасно можете да почувствувате дека дојде време за голема промена во вашиот живот, што треба да оставите зад себе и со што е време да се збогувате, без разлика на сè. лавовите сепак треба да бидат подготвени да постават едно големо прашање или да им биде поставено тоа големо прашање на кое се одговара само со „да“ или „не“.

Девица

Во личните односи можни се сомнежи кои ќе доведат до заладување на односите меѓу партнерите. Не грижете се, во втората половина на февруари ќе имате пријатни впечатоци, особено девиците кои сè уште се сингл.

Вага

Овој месец ви е потребна емоционална и духовна поддршка повеќе од кога било, а тоа ќе ви го обезбедат вашите хобија и омилените книги. Личниот живот исто така ќе биде во полн ек овој месец.

Скорпија

Полната Месечина буквално ќе ви ги тргне очилата во розова боја. Во личните односи, можно е да испливаат на површина проблеми кои сте ги криеле под тепих. Сега е време да се соочите со нив.

Стрелец

Сега е време за креативност и слобода. Одете на патување со саканата личност, инспирирајте се од нови места, а непријатните изненадувања поврзани со работата и финансиите нема да ве допрат.

Јарец

Вашите планови и шанси се огромни, но лесно се борите со стресот и го извлекувате максимумот од секоја ситуација. Саканата личност ќе ве поддржи, што ќе ви даде сила и самодоверба. Јарците кои се сингл би можеле да доживеат ново љубовно искуство, иако се зафатени со работа. Можеби ќе уживате во оваа романтична авантура.

Водолија

Потребна ви е иницијатива во личните односи. Обидете се да преземете иницијатива и да ја подобрите романтичната врска. Генерално, ова е месец на вашето преродување на полето на љубовта. Многу врски може да се подобрат.

Риби

Љубомора, ривалство, страст. Рибите во врска треба да ја намалат љубомората. Рибите без партнер треба да погледнат во некој нов и да престанат да инвестираат во луѓе од минатото. Можно е да се појават нови романтични искри.

The post Љубовен хороскоп за февруари: Рибите да ја намалат љубомората, романтика за Ракот appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK