септември 24, 2024

На 01.02.2023 од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи во координација со Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје лишен е од слобода М.М.(45) од Скопје.

Имено, врз основа на судска наредба, извршен е претрес кај М.М., на подрачјето на Кисела Вода, при што биле пронајдени и одземени две пакувања кафеава прашкаста материја, една дигитална вага и седум куршуми калибар 9мм.

Лицето е приведено во полициска станица и во координација со Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, по комплетно документирање на случајот, против него ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

The post Уапсен дилер на хероин во Кисела Вода appeared first on 24 Инфо.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK