Денеска го реализиравме вториот настан од серијата трибини, работилници и истражувања насочени кон унапредување на менталното здравје на младите, со особен акцент на зајакнување на капацитетите на средните училишта за препознавање, намалување и спречување на врсничкото насилство.
На денешната трибина на тема како да се намали врсничкото насилство кај младите, членовите на стручните служби на Град Скопје и средните училишта, ученици и претставници на релевантни институции и организации, дискутираа за теми поврзани со застапеноста на врсничкото насилство, различните форми на манифестација, како и неопходноста од јасно дефинирање и навремено препознавање на врсничкото насилство со цел негова превенција.
Во соработка со учениците од средните училишта се дефинираат препораки за подобра грижа на младите и ефективни механизми за справувавање со насилно однесување. Град Скопје активно се залага и работи во соработка со наставните кадри и учениците за справување и намалување на врсничкото насилство и унапредување на добросостојбата на учениците.
The post Град Скопје: Трибини и работилници за унапредување на менталното здравје кај младите appeared first on 24 Инфо.
Следете не, не има насекаде