септември 24, 2024

Поради технички зафати во електро – дистрибутивната мрежа, утре без струја од 9:00 до 11:00 часот ќе бидат дел од корисниците на ул. „Финска“ од бр. 100 до бр. 108 во Општина Гази Баба, информираат од РЦУК на Град Скопје.

Оттаму посочуваат дека поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа на ул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“ бб, од 9:00 часот до завршување со работните активности, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од ул. „Аминта Трети“ до ул. „Костурски Херои“ (вклучително Клубот на пратеници и амбулантата Идадија), како и делови од улиците „Коле Неделковски“, „Златко Шнајдер“ и „Шумадиска“ во Општина Центар.

·-Поради отстранување дефект на водоводна мрежа на ул. „Скупи“ бб, од 9:00 часот до завршување со работните активности, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од ул. „Скупи“, „Момин Поток“ и место викано „Криви Дол“ во Општина Карпош, се наведува во соопштението од РЦУК на Град Скопје.

The post Без струја утре улицата Финска, без вода дел од Центар и Карпош appeared first on 24 Инфо.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK