Вечерва во Урбаната заедница Автокоманда се оддржа граѓански протест на кој на покана на граѓаните се приклучи и обрати градоначалникот Бобан Стефковски.
-Барањата на граѓаните на Автокоманда се и мои барања. Вечерва на повик на граѓаните се приклучив на граѓанскиот протест на жителите на Автокоманда. Не може Владата и АД Енергетика да го променат снабдувачот со топлинска енергија во Автокоманда без да ги прашаат корисниците. Очекувам да се прифатат барањата на граѓаните и АД Енергетика повторно да биде снабдувач за домаќинствата во Автокоманда, напиша Стефковски на Фејсбук.
The post Стефковски на протест заедно со граѓаните на Автокоманда appeared first on 24 Инфо.
Следете не, не има насекаде