„Зелената треска“ продолжува да се шири во најблиските семејни кругови на владините функционери, а последен во низата е таткото на министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, Венцислав Бочварски од Штип, управител на новоформираната фирма за производство на електрична енергија „Техно Енерџи“, објави порталот „Фактор“.
<!–/*
* The backup image section of this tag has been generated for use on a
* non-SSL page. If this tag is to be placed on an SSL page, change the
* 'http://ads.365.mk/www/delivery/…'
* to
* 'https://ads.365.mk/www/delivery/…'
*
* This noscript section of this tag only shows image banners. There
* is no width or height in these banners, so if you want these tags to
* allocate space for the ad before it shows, you will need to add this
* information to the tag.
*
* If you do not want to deal with the intricities of the noscript
* section, delete the tag (from … to ). On
* average, the noscript tag is called from less than 1% of internet
* users.
*/–>
Сопственик на фирмата е „Техноинвест Штип“, претпријатие кое се наоѓа на истата адреса на која живее и Венцислав Бочварски. Фирмата е регистрирана со почетен влог од 442.800 денари, со поднесено барање за основање на 10 јануари.
Таткото на Бочварски, како што посочува „Фактор“, досега во јавноста беше тема единствено поради неговата фирма „Де Лукс ДОО“ и критиките од опозицијата дека учествува на јавни набавки додека синот Бочварски извршува функции.
„Фактор“ потенцира дека сѐ уште не е познато со какво производство на струја ќе се бави „Техно Енерџи“, но со оглед дека во тренд и привлечни се фотонапонските централи, безбедно е претпоставките да одат во тој правец.