На 16 февруари ќе биде објавена одлуката на Судот за човекови права во Стразбур за аболицијата на поранешниот претседател Ѓорге Иванов.
Информацијата за Фокус ја потврди Даница Џонова, владин агент од бирото за застапување на Македонија пред Европскиот суд за човекови права.
Европскиот суд тогаш треба да даде одговор дали аболицијата важи или предметите на поранешно СЈО ќе преживеат и судењата кои се во тек, ќе продолжат без пречка.
Судот може да донесе одлука овие постапки да запрат и да се поништат повеќето предмети со што обвинетите и осудените ќе бидат прогласени за жртви, а државата ќе треба да им плати и обесштетување.
На списокот во судот во Стразбур се предметите во кои се засегнати поранешните функционери Никола Груевски, Тони Јакимовски, Гордана Јанкуловска, Миле Јанакиески, Сашо Мијалков, Кирил Божиновски и други.
The post Стразбур на 16 февруари ќе каже дали аболицијата на Ѓорѓе Иванов е важечка appeared first on Шило Магазин.
Следете не, не има насекаде