ноември 22, 2024

Пари Сен Жермен после два кикса се врати на победничкиот колосек со победата со 3-1 над Монпелје, па избега на четири бода пред Марсеј, а пред пред Ланс, кој го загуби чекорот вечерва со поразот дома со 0-1 од Ница, во вонредното 21 коло во Лига 1.

Во тотално луд меч во Монпелје, Килијан Мбапе успеа да утне два пенали во десетата минута (првата утка беше повторена), па на одбиена топка и празен гол од три метри, по што се повреди и беше заменет во 21.та минута, а на сцена стапи ВАР за да им поништи голови за офсајд на Лионел Меси во 35-та и на Ашраф Хакими во 52-та, но домаќинот не успеа да додржи.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK