ноември 22, 2024

Иако по 20 кола во Серија А сѐ уште немаат ни една победа, Кремонезе во Купот на Италија е сензација над сензациите, па после шокантната елиминација на лидерот Наполи во осминафиналната рунда, вечерва го расплакаа и Жозе Мурињо и Рома со триумфот за полуфинале со 2-1 на „Олимпико“.

Рома триеше раце откако Кремонезе го исфрли Наполи на пенали на „Диего Марадона“, мислејќи дека има отворен пат кон трофејот, ама Кремонезе им приреди таков шок, што на „волчивцата“ и „специјалниот“ од клупата им преостана шанса за трофеј само во Европа.

<!–/*
* The backup image section of this tag has been generated for use on a
* non-SSL page. If this tag is to be placed on an SSL page, change the
* 'http://ads.365.mk/www/delivery/…'
* to
* 'https://ads.365.mk/www/delivery/…'
*
* This noscript section of this tag only shows image banners. There
* is no width or height in these banners, so if you want these tags to
* allocate space for the ad before it shows, you will need to add this
* information to the tag.
*
* If you do not want to deal with the intricities of the noscript
* section, delete the tag (from … to ). On
* average, the noscript tag is called from less than 1% of internet
* users.
*/–>

Сирил Десерс даде гол од пенал во 28-та минута за водство, а потоа Зеки Челик си даде автогол после само четири минути во вториот дел и Рома се најде на раб на бездната, а коцкањето на Мурињо да излезе со комбиниран тим на мечот се покажа како самоубиство зашто дури во вториот дел влегоа Дибала, Абрахам, Смолинг, Залевски.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK