Скопје, 01.2.2023 – Стратегијата за зајакнување на позициите на „Реплек АД“ на странските и домашниот пазар дава резултати. Приходите од продажба минатата година пораснаа за 7% во однос на 2021 година. Најголем раст на приходите „Реплек АД“ оствари на странските пазари, каде што растот изнесува 9%. На домашниот пазар растот на приходите е зголемен за 3%.
<!–/*
* The backup image section of this tag has been generated for use on a
* non-SSL page. If this tag is to be placed on an SSL page, change the
* 'http://ads.365.mk/www/delivery/…'
* to
* 'https://ads.365.mk/www/delivery/…'
*
* This noscript section of this tag only shows image banners. There
* is no width or height in these banners, so if you want these tags to
* allocate space for the ad before it shows, you will need to add this
* information to the tag.
*
* If you do not want to deal with the intricities of the noscript
* section, delete the tag (from … to ). On
* average, the noscript tag is called from less than 1% of internet
* users.
*/–>
Растот на продажбата на странските пазари најмногу се должи на зајакнување на позициите и портфолиото на компанијата на пазарите во Европската унија, како и на пазарите во регионов и во ЗНД, Африка и Блискиот Исток, АСЕАН, ЕУ и други. Над 75% од производите на „Реплек АД“ се пласираат на странските пазари, а останатиот дел отпаѓа на домашниот пазар.
„Позитивните резултати од работењето во минатата година не се случајни. Тие се резултат на промените кои ги реализираме во сите делови од нашето работење. Интерната реорганизација, подигнувањето на капацитетите и можностите на продажната мрежа, едукацијата и воведувањето иновативни решенија резултираа со позитивни резултати на сите пазари на кои се присутни нашите производи. Новата извозна стратегија која е приоритет на овој менаџмент на „Реплек АД“ ги даде првите резултати, а реформите ќе продолжат, па очекуваме раст на пазарите и во наредниот период“, истакна Душан Пецовски, главен извршен директор на „Реплек АД“.
Во изминатиот период „Реплек АД“ инвестираше во подобрување на конкурентноста на производите преку воведување иновативни решенија, а се работеше и на подобрување на капацитетите на веледрогеријата. Овој тренд ќе продолжи и во следниот период за дополнително да се зајакнат позициите на странските пазари.
Компанијата во континуитет инвестира и во целосна модернизација и трансформација на работењето, поставувајќи нови напредни стандарди. Во таа насока, Реплек АД“ инвестираше 43 милиони денари во фотоволтаична централа со инсталирана моќност од 948.29 kWp, заменувајќи над 40% од вкупната потрошувачка на електрична енергија со обновлива сончева енергија. Компанијата доби и А – интегрирана еколошка дозвола, што е потврда за одговорното работење, континуираниот мониторинг и намалување на влијанието врз животната средина.
РЕПЛЕК АД
* Комерцијален текст