Израелската полиција уапси американски турист кој наводно ја сруши и скрши статуата на Исус во црквата во ерусалимскиот Стар град. На видеото од црквата во Виа Долороса, која го обележува последниот пат на Исус пред да биде распнат, се гледа неговата статуа падната на земја.
Полицијата рече дека Американецот е уапсен со помош на чуварот во црквата. „Не можете да имате идоли во Ерусалим. Ова е свет град“, рече мажот кој го совлада.
Од полицијата рекоа дека ја проценуваат неговата ментална состојба и дека штетата која ја направил е сериозна. Отец Никодимус Шнабел од црквата Успесение Пресвета Богородица, го поврза инцидентот со карактерот на израелската влада.
Video of it happening
pic.twitter.com/qOxra3myXN
— War Monitor (@WarMonitors) February 2, 2023
„Добредојдовте во новиот Израел кој мрази христијани и тоа благодарение на охрабрувањето и поддршката од страна на актуелната влада“, рече Шнабел.
Насилството ескалираше во првите недели од мандатот на новата ултрадесничарска израелска влада, во која ултранационалистите и религиозните членови се познати по нивната запалива антиарапска политика.
За потсетување, минатата недела израелски војници во рација на окупираниот Западен брег убија десет Палестинци, повеќето екстремисти и една 61 годишна жена. Еден Палестинец во Источен Ерусалим, во петокот уби седум лица, меѓу кои и едно 14 годишно момче.
Colonial Israeli settlers stormed the church of “Prison of Christ” in the old city of occupied Jerusalem, destroyed its contents, and tried to burn it. pic.twitter.com/B6GXRYFJwP
— PALESTINE ONLINE (@OnlinePalEng) February 2, 2023
The post (Видео) Турист ја турна и ја скрши статуата на Исус во Ерусалим appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде