септември 25, 2024

Џенифер Лопез ја продава својата вила во Бел Ер, Лос Анџелес и бара семеен дом во кој ќе живее со сопругот Бен Афлек и нивните деца.

Уредениот дом на пејачката се продава за 42,5 милиони долари, пишува магазинот „Пипл“. Домот има 9 спални соби, теретана, домашно кино со 30 седишта, 13 тоалети, базен, гостинска куќа и амфитеатар со 100-тина седишта.

Џенифер и Бен сакале да ја реновираат вилата, но се предомислиле и одлучиле да ја стават на продажба. Имотот се простира на речиси 8 хектари, а површината на куќата изнесува повеќе од 1000 квадратни метри.

Домот, Џеј Ло го купила во 2016 година за 28 милиони долари. Вилата е дизајнирана од страна на архитектот Семјуел Маркс, а во меѓувреме била преуредена.

 

The post Џенифер Лопез ја продава вилата во Лос Анџелес, бара семеен дом во кој ќе живее со Бен Афлек appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK