септември 25, 2024

Американската актерка Клои Чери е уапсена поради кражба на маица вредна 28 долари.

Младата актерка, позната по улогата во популарната серија на НБО „Еуфориа“, беше снимена на 27 декември во трговски центар во Ланкастер, Пенсилванија, како влегува на штанд облечена во маица на Мода Интернешанел, а подоцна го напушта штандот без маица.

Актерката ја пријавила вработена во трговскиот центар каде ја украла кошулата и ја покажала снимката на полицијата. На крајот не успеале да ја најдат маицата и заклучокот бил дека Клои ја земала. Како што пренесуваат странските медиуми, Клои купила уште некои работи со кредитна картичка, но меѓу нив не била спомената маица. На крајот таа наводно признала дека ја украла и ја вратила во полиција.

Инаку, Клои пред улогата во серијата на НБО беше порно актерка и модел, но поради славата и успехот што ги стекна во „Еуфорија“, ги напушти тие две индустрии и се посвети на филмот. Актерката наводно нема финансиски проблеми и не е позната конкретната причина зошто ја украла маицата.

The post Поради кражба на маица вредна 28 долари уапсена е актерката Клои Чери appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK