септември 25, 2024

Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски синоќа гостуваше на бугарската национална телевизија БНТ1 во емисијата „Говори сега“ каде што дебатираше со Христо Христов, внукот на Гоце Делчев, новинарот Костадин Филипов дописник на БНТ од Македонија и водителката Маја Костадинова. Стана напнато кога Димитриевски в лице на водителката и извади книга за Куманово во која се запишани жртвите на бугарската фашистичка полиција и армија кои бројат на 800.

Максим на бугарска ТВ: Не можам да ја менувам историјата, Бугарија беше фашистичка, резултат се над 800 жртви од Куманово

Гоце Делчев е симболот на македонизмот, Гоце Делчев е Македонија и Македонија е Гоце Делчев!

Во периодот 1941-1944-та година Бугарија е составен дел на фашистичката коалиција, за тоа постојат документи. Официјална Бугарија никогаш не излезе со став и не се извини.

Знаете што е резултат на таквиот режим на владеење? Оваа книга само за мојот град, над 800 жртви. Овој човек има 15 години, исечен е на парчиња. Значи, над 800 жртви, од кои најголем дел или над 90% се убиени од бугарската фашистичка полиција и армија. Ова не може да се заборави, но може да се стави на страна, да се учи од минатото и да креираме нова иднина, но, не на начинот како што го креираат некои поединци од вашата држава. За да почитуваш првенствено треба да добиеш почит.

Бугарската држава треба да сфати дека од Македонец бива само Македонец и не бива ништо друго. Ние сме Македонци, вие сте бугари. Ве сакаме и ве почитуваме, сакајте не такви какви што сме, затоа што на друг начин никогаш нема да се разбереме.

Гоце Делчев е синонимот на македонската борба, еден од современите македонски преродбеници. На крајот, каде почива? Во Скопје, тоа му била последната желба. Зошто не го решила бугарската држава повеќе од 40 години да го стави во саркофаг да го закопа некаде во Бугарија, бидејќи сакал да почива во независна Македонија.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK