септември 25, 2024

Младата англиска ѕвезда Мејсон Гринвуд не се враќа во Манчесер јунајтед после хоророт што го преживеа со обвинувањата за силување и физички напад, поради кои беше во притвор, а после една година беше ослободен од обвинувањата, но „црвените ѓаволи“ најавија дека ќе имаат своја интерна истрага за целиот случај пред да донесат дисциплинска одлука.

Според информации од Англија, соиграчите не сакаат Гринвуд да се врати во тимот зашто се плашат дека ќе им ја наруши добрата атмосфера, која после многу години е одлична и ваква не била многу одамна, а постојано се посочуваше како една од главните причини за лошите резултати во изминатите сезони.

„Играчите сметаат дека неговото враќање во тимот може да го наруши мирот и може многу скапо да ги чини. Во моментов соблекувалната е најсреќна во последниве неколку години и никој таму не сака човек што може да го наруши тој однос“, пишуваат англиските медиуми.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK