септември 25, 2024

16-годишно девојче од Перт почина откако беше нападнато од ајкула во реката Свон во Северен Фремантл, Австралија. Оваа трагедија е прв ваков фатален напад на ајкула во последните 100 години.

Нова жртва на АЈКУЛА. 16 ГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ ПОЧИНА ПО НАПАД ВО РЕКА

Девојчето околу 15 часот и 30 минути било извлечено од реката кај сообраќајниот мост откако се здобила со тешки повреди на ногата. Неколку екипи беа на теренот кои се обидуваа да и помогнат, но безуспешно.

Полицијата верува дека тинејџерката пред нападот се возела на џет ски со пријателите, кога скокнала во водата откако забележала делфини, пишува „Перт сега“.

Сведоците рекоа дека виделе маж како скока во реката за да и помогне на тинејџерка и го опишаа како „херој“.

Ова е само трет напад на ајкула во реката Свон во последните 50 години.

Допрва треба да се утврди каков тип на ајкула учествувал во нападот, но се верува дека станува збор за бик-ајкула. Еден од упатените изјави за медиумите дека неодамна почнал да гледа многу бикови ајкули во реката и дека се приближуваат до брегот.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK