септември 25, 2024

риведен е 39-годишник од охридското село Велгошти поради сомнение за кражба во демирхисарско село, информираат од Министерството за внатрешни работи.

– Полициски службеници од СВР Битола – Полициско одделение Ропотово, вчера во 11 часот во селото Слепче, демирхисарско, го лишиле од слобода Д.В. од село Велгошти, охридско. Тој се сомничи дека ден претходно, во периодот од девет до 16 часот, со употреба на сила и подесен алат, влегол во куќата на 81-годишното лице со иницијали С.В. од село Слепче и одзел пари, се појаснува во соопштението.

Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

The post Приведен е 39-годишник од Велгошти поради сомнение за кражба во демирхисарско село appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK