септември 27, 2024

Имав состанок со сите амбсадори на ЕУ за тоа што постигнавме во 2022 и што не очекува во 2023 година, рече премиерот Димитар Ковачевски. Тој кажа дека сега државата е во поодмината фаза на скрининг процесот, а извештаите досега се позитивни.

– Следуваат патоказите од скринингот кои ќе бидат за унапредувањето на нашето општество во иднина, за полноправно членство во Унијата. Еден од тие патокази се однесува на правата на малцинствата и етничките заедници, којшто очекувам дека ќе го исполниме на највисоко ниво, бидејќи правата на заедниците кај нас се на највисоко можно ниво, дури и повисоко од земји-членки на Унијата. Ние имаме институции за правата на помалите заедници, имаме закони за помалите заедници во делот на рамноправно учество во управата, во делот на користењето на јазиците и тоа се однесува на сите заедници. Имаме и министерство што се бави со оваа работа, рече Ковачевски.

Прашан за барањата на бугарскиот претседател Румен Радев за мониторинг над правата на заедниците, премиерот одговори:

-Барањата на било кој политичар во оваа област за нас не претставуваат никаков проблем, бидејќи правата на малцинствата кај нас се на многу повисоко ниво отколку во многу држави, вклучително и на земјите-членки. Ќе продолжиме да разговараме со Бугарија на институционално ниво за билатералните проекти, зашто за членство во Европската унија не преговараме со Бугарија, кажа Ковачевски.

The post Ковачевски: Правата на малцинствата кај нас се на повисоко ниво и од земји-членки на ЕУ appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK