септември 27, 2024

Денеска, директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, изврши обиколка на мостот во Визбегово, Скопско, по повторно јавување на граѓани на единствениот број за итни случаи 112 во ЦУК. Утврди дополнителна опасност од коцките камен што од гумите на тешките камиони и возила се вадат и се истуркуваат од патот и од мостот, сѐ до рабовите на мостот, од каде што по нивно паѓање се сериозна закана по животот на граѓаните што возат или поминуваат под мостот, информираат од Центарот за управување со кризи.

На 12 ноември лани директорот на ЦУК директно од мостот ги повика јавно надлежните да преземат мерки за отстранување на опасноста од големите парчиња бетон што висеа над коловозот и за нестабилноста на мостот надвозник кај Визбегово, Скопско, како и парчиња бетон што висат од него претставуваат опасност за луѓето и возилата коишто се движат по него, но уште повеќе за тие што се движат под него.

The post Стојанче повторно не предупредува за опасност: Кај мостот во Визбегово има камења во форма на коцка !!! appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK