септември 27, 2024

Марко Маринковиќ Слаткар веќе две децении години е меѓу најпопуларните хип-хоп музичари во Македонија. По две години пауза тој промовираше десетина нови песни, а една од нив е и „Ајде ајде“ во чиј спот две девојки се бакнуваат. Лезбиските сцени во видеото предизвикаа негативни реакции, а Слаткар добиваше и навредливи пораки со говор на омраза. Но, вели, тоа е сè дел од работата и секој има право да коментира.

„Видеото нема врска со песната, таа е направена за несреќни врски. Пред да снимаме запознав девојка што дома кажала дека има девојка и ја избркале, светот ѝ беше срушен. Нејзината судбина ме растажи и затоа сакав да ја раскажам човечката приказна. Јас имам мало дете и не знам што би можело да ме натера да си го избркам детето од дома, посебно ако е љубовен избор што мене не ми се допаѓа“, рече Слаткар за „Репортер“.

Иако не може без музика, на прво место му се сопругата Сања и синот Моша, кој наскоро ќе полни три години. За синот пишува и песна, а ќе ја промовира на неговиот роденден, со видео во кое ќе има снимки од денот кога се родил до денес.

„Моша е главен дома. Тој е палаво дете, бесно, личи физички на мене, ама во карактер цел е на Сања, ужас. Не, види, тој е златно дете, ама е инат на мајка му. Е тој нејзин инат ми пречи во секојдневната комуникација, ама па јас сум среќен што е таква. Јас сум бирал таква жена. И уште првата недела знаев дека ќе ми е жена“, искрен е Слаткар.

Ни ја откри и приказната за името на синот, па вели: „Сања е Еврејка по мајка. Тие имаат седум варијации на името Мојсеј кај неа во фамилија. Моша е осми. Мене ептен ми се свиѓаше името, различно е и затоа јас предложив да се вика така“.

Низ муабетот ни откри дека не пие алкохол веќе пет години, што мисли за народната музика, ама и за љубовта со поранешната Мис на Македонија и синот кој му е најголема гордост. Раскажа и за првиот концерт во 2003 година, кога настапи во клубот „Вулкан“, детство во Лисиче каде што ги сними првите песни, но и за тоа како е да биде средно од трите деца во семејството, имал ли комплекси поради говорот, колку пцуе приватно, како му било кога првпат слушнал своја песна на радио… гледајте го видеото.

Андријана Јовановска

The post Слаткар: Моша личи на мене, ама во карактерот е на Сања appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK