септември 28, 2024

Вчеравечер во Опатија се одржа фестивалот „Дора“ на кој се избира хрватскиот претставник за Евросонг, а победи групата „Лет 3“ со песната „Мама ШЧ“. Тие освоија најмногу гласови и од публиката и од стручното жири.

„Популарниот бенд од почетокот важеше за фаворит на фестивалот, па нивната победа не е изненадување“, пишуваат хрватските медиуми.

На фестивалот се натпреваруваа 18 песни. Победникот го избираше стручно жири распоредено во осум центри низ Хрватска, а се гласаше и со телевоутинг.

„Фала на сите, навистина. Се трудевме да бидеме добри, ама не очекувавме победа. Леле, што нè чека сега“, рече Мрле, еден од членовите на бендот по победата.

Евросонг оваа година ќе се одржува од 9 до 13 мај во Ливерпул. Иако лани победи Украина, Британија како второпласирана ја презеде организацијата на изборот. Македонија годинава нема да учествува.

 

 

The post (Видео) „Лет 3“ победи на Дора и ќе ја претставува Хрватска на Евросонг appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK