септември 28, 2024

Поп-пејачката Тамара Стојковска ја промовира новата песна „Што ќе остане“, за која спотот го сними во некогашната Солунска банка во Битола. Автор на песната е Коста Хаџикојчев, а Ѓорѓи Вацев го режираше видеото.

„Не сакам кога луѓето споредуваат артисти или очекуваат некој да биде како некој друг. Верувам дека еден музичар може да создаде нешто автентично само ако е искрен и свој. Колку и да е клише, добро познатата изрека дека уметноста не треба да ти биде допадлива туку треба да направи да почувствуваш нешто, дефинитивно има смисла“, вели Тамара и додава: „Позната како куќата Алхамбра, оваа некогашна банка по снимањето почна целосно да се реконструира, па спотот ќе биде спомен за историјата и за тоа како изгледаше овој објект пред неговата комплетна реконструкција“.

Тамара од мала настапувала на детски фестивали, а по завршувањето на основното и средно музичко училиште, запиша студии на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Има многу настапи како солист со Камерниот оркестар на Битола, Битолскиот дувачки оркестар, како вокал во неколку бендови, а со Funk’d Up настапува низ Македонија од 2019 година.

„Кога станува збор за градењето на мојот стил и создавањето музика, секогаш почнувам од тоа која сум јас, како се чувствувам, која емоција имам потреба да излезе од мене преку песна. Тие работи ги дискутирам со тимот што работам на старт и според тоа бираме насока во која ќе се работи новата песна. Уметноста нели е начин на изразување, и јас најкомотно се изразувам преку музиката. Обожавам кога соработувам со колеги музичари и изведувачи од било која друга уметност. Верувам дека посебна магија се создава кога повеќе уметници ќе си ја отворат душата на исто место“, вели Тамара.

 

The post Тамара Стојковска има нова балада: Музичарите создаваат добри песни само кога се искрени и свои appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK