септември 28, 2024

Откако вчеравечер „Лет 3“ победија на хрватскиот избор за Евросонг, фанови од цела Европа не кријат дека се незадоволни од изборот. Некои одат дотаму што велат дека организаторот треба да ги дисквалификува.

„Веднаш дисквалификувајте ја Хрватска. Или барем песната. Нека пратат нешто друго“, „На Хрватска ѝ посакувам нула поени“, „Хрвати, па што напрваивте? Ако ова влезе во финале ќе бидам многу вознемирен“, „Кој ви е проблемот?“ „Дали Хрватска намерно пробува да се саботира на Евровизија“, се само дел од коментарите.

I wish Croatia a very zero point at Eurovision

— CrazyBrokeResident (@iskandarology) February 12, 2023

Има и такви кои се со поделено мислење, па велат: „Доста храбро, Хрватска до сега не испратила ваква песна. Но, не знам дали ја сакам или ја мразам“.

За потсетување, вчеравечер во Опатија на фестивалот „Дора“, на кој се избира хрватскиот претставник за Евросонг, победи групата „Лет 3“ со песната „Мама ШЧ“. Тие освоија најмногу гласови и од публиката и од стручното жири. На фестивалот се натпреваруваа 18 песни. 

Croatia what have you done if this somehow manages to qualify, I will be so upset#Eurovision

— noulis (@ChemistEsc) February 12, 2023

(Видео) „Лет 3“ победи на Дора и ќе ја претставува Хрватска на Евросонг

 

The post На фановите не им се допаѓа хрватската песна за Евросонг: Им посакувам нула поени appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK