септември 28, 2024

Пејачот Марко Менгони победи на Сан Ремо и ќе ја претставува Италија на Евросонг. Тој победи со песната Due vite, па прифати по десет години пак да биде италијански претставник на Евровизија, откако на музичкото натпреварување пееше и во 2013 година.

Менгони го нарекуваат и гордоста на Сан Ремо. Тој е поранешен студент на Академијата за забавна музика, победник на шоуто „Х-фактор“ и првиот Италијанец кој ја освои европската Ем-ти-ви награда.

34-годишниот Марко по настапот изјави дека победата му ја посветува на Луиџи Тенко, трагично починатиот кантавтор за чија работа беше особено приврзан.


The post (Видео) Марко Менгони победи на Сан Ремо и по 10 години пак ќе пее за Италија на Евросонг appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK