септември 29, 2024

Фудбалерот на Бешикташ Јозеф де Соуза со сопругата сакаат да посвојат девојче кое го загуби семејството во земјотресот кој се случи на 6 февруари во Турција. За време на посетата во областа Кахраманмарас видел деца во болница кои биле извлечени од урнатинтие.

Кога дознал за едно од нив дека го изгубило целото семејство, со сопругата решиле да ја посвојат.

„Разговарав и се одлучивме да ја посвоиме“, рече Соуза и додаде дека нема да можат да ја посвојат се додека и официјално службите не потврдат дека родителите не и се живи.

Рече и дека има желба да изгради сироптиталиште во Истанбул за сите деца кои ги изгубија најблиските во земјотресот. За потсетување, во земјотресот кој неодамна ги погоди Тутција и Сирија, загинаа 36.000 луѓе.

 

 

The post Фудбалер на Бешикташ сака да посвои девојче, кое остана сираче по земјотресот appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK