септември 29, 2024

35-годишната Доминика Кларк од Полска, мајка на седум деца, во 28-та недела од бременоста родила петорки, две момчиња и три девојчиња, соопшти  Универзитетската болница во Краков.

Бебињата, се родиле во неделата со царски рез, тежат меѓу 710 и 1.400 грама и сите се ставени во инкубатори, но лекарите велат дека добро напредуваат со оглед на предвременото породување.

Мајката Доминика Кларк изјавила дека се чувствува многу подобро отколку што очекувала.

„Ако имате систем, смирен пристап и позитивен став, тогаш е можно да имате кул живот со толку голем број деца“, изјавила Кларк.

Кларк и нејзиниот британски сопруг веќе имаат две групи близнаци, нивното најмало дете има 10 месеци, а најстарото 12 години.

The post Мајка на седум деца од Полска роди петорка appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK